Утрински Весник
Македонија

Солза Грчева: Бараме правда за Љупчо Палевски

Солза Грчева: Бараме правда за Љупчо Палевски

Глас за Македонија бара итно расчистување на бруталниот напад, на среде улица, во среде бел ден, врз активистот Љупчо Палевски.

„МВР да не излегува со анемични изјави од типот: ‘се работи на расчистување на случајот’, туку итно да преземе ефикасна и масовна акција за пронаоѓање на напаѓачите. Ова е тест за старо-новата власт: дали правдата ќе биде спроведена и кон нејзините критичари, или правдата и натаму ќе се дели по партиска основа. Ако случајот со Љупчо Палевски не биде бргу расчистен и напаѓачите не бидат казнети соодветно, ќе добиеме потврда дека живееме во држава со голем ризик, владеена од мафијашки структури“, се вели во соопштението на Солза Грчева.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пронајден е и санкциониран возачот кој „дрифташе“ во Штип

Наумоски: Доста е театар – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

Од март директна авионска линија Дубаи–Скопје три пати неделно