Утрински Весник
Свет

Советот за безбедност на ОН едногласно усвои резолуција за Авганистан

Советот за безбедност на ОН едногласно усвои резолуција за Авганистан
Ss2

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска едногласно усвои резолуција во која се нагласува дека новата талибанска власт во Авганистан мора да формира инклузивна влада со целосно, еднакво и значајно учество до 2022 година, што ќе им даде време на членовите да ги проценат своите постапки за почитување на човековите права.

Резолуцијата усвоена од Советот за безбедност на ОН го продолжува тековниот мандат на политичката мисија на ОН во Авганистан за шест месеци, објави АП.

Ss1

Претходно денеска, амбасадорот на Авганистан, кој ја претставуваше соборената администрација во ОН, Гулам Исакзај, побара да остане на таа позиција во Њујорк, соопшти портпаролот на ОН, Фархан Хак.

Според него, Исакзај потпишал писмо испратено до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, со список на авганистанската делегација за Генералното собрание.

Не е познато дали талибанците, кои ја преземаа власта во Авганистан минатиот месец, ќе предложат свој претставник во ОН.

Хак посочи дека Исакзај го испратил своето барање за акредитација, ден по почетокот на седницата на Генералното собрание.

Ss1

Можете да прочитате

Амнести интернешенел: Човековите права најзагрозени во последните неколку децении, ЕУ има двојни стандарди

Американскиот Сенат го одобри пакетот безбедносна помош за Израел, Украина и Тајван

Јамајка ја призна државата Палестина