Утрински Весник
Македонија

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје ја напушти седницата на Советот

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје ја напушти седницата на Советот

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје ја напушти денешната 54та седница на Советот, во знак на протест за ставањето на дневен ред на дополнителни точки кои немаат потврдена итност.

„ Во Советот на Град Скопје стана редовна пракса да се испраќаат материјали до советниците, пред самиот почеток на седницата, за советниците од опозицијата да немаат доволно време да се подготват, да направат анализа и да може да дадат квалитетен придонес во расправата по истите. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во насока на конструктивност во минатото прифаќала да се дискутира за материјали, но доколку имале итност и неодложност, што не беше случај со денешните точки: извештај за шест месечна работа на ЈП Водовод и Канализација и функционална анализа на ЈП Паркови и зеленило, за кои претпријатијата имале доволно време да ги подготват и да ги достават навреме.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ укажа дека ова се обемни извештаи кои бараат време за разгледување и не треба да се додаваат на дневен ред, но ова барање беше отфрлено од владејачкото мнозинство.

Оттаму бараат да престане оваа пракса на дополнување на дневниот ред со материјали, кои, како што велат, не се итни, кои се важни, а за кои опозицијата нема реално време да ги разгледа.

„ Нагласуваме дека само со почит и примена на демократијата и слободата на говор, преку заеднички дебати на опозицијата и власта за важни прашања, Градот Скопје ќе може да оди напред“ велат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор