Утрински Весник
Магазин

Синди Крафорд и Ренди Гербер ја продаваат куќата во Беверли Хилс

Синди Крафорд и Ренди Гербер ја продаваат куќата во Беверли Хилс

Синди Крафорд и Ренди Гербер го објавија за продажба на пазарот на недвижности својот модерен дом од средниот век, лоциран во идиличниот кварт 90210 Trousdale Estates за нешто помалку од 16 милиони долари.

Пред три години, холивудскиот моќен пар го купи имотот од фронтменот на „Њу рипаблик“ Рајан Тедер за 11.625 милиони долари. Тие целосно ја реновираа куќата однадвор и ја проширија.

Синди и Ренди, кои претежно живеат во луксузната хациенда во Малибу, направија неколку козметички измени во ентериерот, особено во дворот, пренесува „Варајати“.

Дворот на куќата на супермоделот и ко-основачот на „Казамигос“ има импресивна површина на отворено, базен и колем камин, доста погодно за гости и интимни забави, коментира порталот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Унгарија по седум години би можела повторно да настапи на Евровизија

Излезе лажен ChatGPT кој краде сè!

„Јутјуб“ воведува автоматски ознаки за видеа генерирани со вештачка интелигенција