Утрински Весник
Македонија

Над 50 глоби за непрописно паркирање на пешачките и велосипедските патеки во центарот на Скопје

Над 50 глоби за непрописно паркирање на пешачките и велосипедските патеки во центарот на Скопје

За неколку недели се изречени повеќе од 100 мерки и повеќе од 50 глоби против лица за непрописно паркирање на пешачките површини и на велосипедските патеки, информираат од градскиот инспекторат во Скопје.

Од таму додаваат дека најмногу ја следеле ситуацијата на булеварот „Свети Климент Охридски“ и на улицата „Свети Кирил и Методиј“, кои претходно биле посочени како проблематични од страна на граѓаните

„Деновиве состојбата на двете сообраќајници во централното градско подрачје е значително променета и повеќе нема узурпација на просторот од непрописно паркирани возила“, се наведува во соопштението во кое се додава дека контролите на градскиот инспекторат ќе продолжат и во наредниот период, на локации во сите скопски општини.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кривична пријава за група битолчани кои „ловеле педофили“

Филипче: Власта да распише Референдум – граѓаните да одлучат за европската иднина на Македонија

Вчера уапсени шест возачи низ државата