Утрински Весник
Свет

Соборен новогодишниот температурен рекорд во Британија

Соборен новогодишниот температурен рекорд во Британија

Во Велика Британија е измерен температурен рекорд за Нова година, бидејќи живата во термометарот денеска ја премина 15-тата поделба на Целзиусова скала, пренесува „Гардијан“.

Рекордот беше соборен двапати во текот на денот. Метеоролошката служба прво измерила 14,9 степени во селото Рајчил во источен Јоркшир во 11 часот, а потоа 15,3 степени еден час подоцна во селото Конингсби, Линколншир.

Претходно, најтоплиот 31 декември беше пред 10 години во заливот Колвин, Велс, кога беа измерени 14,8 степени.

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови