Утрински Весник
Свет

Словенија воведува нови мерки на своите граници

Словенија воведува нови мерки на своите граници

Словенечката влада објави дека од 23 август патниците во транзит за влез во земјата ќе треба да покажат доказ дека се вакцинирани против коронавирусот, дека ја прележале болеста или да имаат негативен тест.

„Од 23 август, транзитот низ Словенија веќе нема да биде возможен без исполнување на условите“, објави владата по синоќешната седница, а пренесува хрватски „Индекс“.

Дотогаш, за патиниците во транзит уште важи дека тие не мора да го докажуваат својот ковид-статус на границата, доколку ја напуштат Словенија во краток рок, не подолг од 12 часа.

Исклучок од условите за влез во Словенија ќе бидат лицата помлади од 15 години, сопствениците на земјиште и недвижен имот во пограничната област, како и прекугранични работници и вработени во меѓународниот транспорт.

Со новата владина одлука исто тка повторно се воведува задолжително носење заштитни маски за посетители на јавни и културни настани во затворени простории, како и за посетители на собири на отворено ако се присутни повеќе од 100 луѓе.

Можете да прочитате

Германскиот автомобилски сектор ќе изгуби 225.000 работни места

Украински напад врз руски нафтен терминал

Силен руски напад врз Украина, осум мртви, 11 ранети