Утрински Весник
Свет

Словенија воведе брзи тестови за коронавирус на границите

Во Словенија 29 новозаразени, од кои 22 се помлади од 34 години

Словенија од денес активираше станици за брзо тестирање за коронавирус на пет гранични премини со Хрватска, како и на аеродромот во Љубљана.

Воведено е правило дека сите патници кои пристигнуваат од земји од таканаречената црвена листа, кои немаат негативен резултат на ПЦР тест не постар од 48 часа, ќе мора да бидат тестирани.

Сите оние кои одбиваат да бидат тестирани или се позитивни ќе бидат вратени во земјата од каде доаѓаат или ќе бидат ставени во карантин.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лидерката на германската АфД: Ќе го укинеме еврото, ќе ги затвориме границите и ќе излеземе од шенген

Затворени училишта и канцеларии во Тајван поради обилни дождови во исчекување на тајфунот „Саудел“

Најмалку 30 загинати во одрон на депонија за отпад во главниот град на Гвинеја