Утрински Весник
Свет

В понеделник одлука во Србија кога ќе почне вакцинацијата со „Спутник V“

В понеделник одлука во Србија кога ќе почне вакцинацијата со „Спутник V“

Во Србија во последните 24 часа се регистрирани 1.907 нови случаи на коронавирус. Починаа 38 лица, а тестирани се 7.276 лица.

Во болниците низ цела Србија има 8.011 пациенти со коронавирус, од кои 276 се на апарати за дишење.

Вкупниот број на регистрирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата е 341.904. Тестирани се 2.312.861, додека вкупниот број на смртни случаи е 3.288.

Државниот секретар на Министерството за здравство, Мирсад Шерлек, денеска изјави дека во понеделник, 4 јануари, на состанок со министерот за здравство, Златибор Лончар, ќе се донесе одлука кога и од кои градови ќе започне вакцинацијата со руската вакцина „Спутник V“.

Во Србија веќе се спроведува вакцинација со вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Дронот што експлодира во Литванија бил украински, потврди литванскиот премиер

Европски и азиски земји ги предупредуваат граѓаните: Не патувајте во Франција освен ако не морате

ВИДЕО Француски крадци покажуваат украдена стока на TikTok: „Газевме врз полицијата“