Утрински Весник
Магазин

Следната серија „Војна на ѕвездите“ пристига во мај на „Дизни плус“

Следната серија „Војна на ѕвездите“ пристига во мај на „Дизни плус“

Следната серија „Војна на вездите“, анимиран серијал за елитна група клонови, The Bad Batch, ќе дебитира на стриминг-платформата „Дизни плус“на 4 мај, соопшти компанијата во средата.

Акционата серија на студиото Марвел, „Локи“, за негативецот кој го игра Том Хидлстон, ќе има премиера на 11 јуни, се вели во изјавата на „Дизни“ пред презентацијата на претстојните програми пред Здружението на телевизиски критичари.

The Bad Batch ќе ги следи експерименталните клонови во галаксијата што брзо се менува по завршувањето на војната на клоновите.

Датумот на премиерата се совпаѓа со неофицијалниот празник меѓу фановите на „Војна на ѕвездите“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Пет тајни за подобро здравје, подолг живот и младешки изглед

Култното дуо Мекартни-Ленон се обнови: Синовите на славните Битлси објавија песна

НАСА повикана да се вклучи во потрага по чудовиштето од Лох Нес