Утрински Весник
Македонија

Следи многу топло време со високо УВ зрачење

Следи многу топло време со високо УВ зрачење

Времето утре ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. УВ=9

Во Скопје, сончево и топло со слаб северен веетр. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Под влијание на многу топла воздушна маса до петок ќе преовладува сончево и многу топло време. Максималните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени.

Во петок и особено во сабота претежно во попладневните часови ќе има зголемена облачност и услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Адвокатот на Кајмакоски откри детали поврзани со киднапирањето

Падна СЕДУМКА на Лото во Македонија

Бомба пронајдена во Ваташа – 24info.mk