Утрински Весник
Свет

Скоро секоја седма личност страда како последица на коронавирусот

Скоро секоја седма личност страда како последица на коронавирусот

Скоро секоја седма личност страда како последица од Ковид-19 пандемијата

Секоја седма личност позитивна на коронавирус, симптомите на болеста ги чувствува дури три месеци подоцна, стои во најновите податоци од Обединетото Кралство.

Студијата покажала дека луѓето со овој вирус пријавуваат здравствени проблеми многу почесто од општата популација, што може да вклучува болка во мускулите и замор.

Во примерокот на повеќе од 20.000 луѓе кои биле позитивни на коронавирусот помеѓу април минатата година и март годинава, 13,7 проценти продолжиле да чувствуваат симптоми најмалку 12 недели потоа.

Притоа жените почесто пријавувале такви симптоми за разлика од мажите, и таа појава била најраспространета кај оние на возраст од 25 до 34 години.

Се проценува дека последиците од Ковид-19 пандемијата негативно влијаат на секојдневните активности на 674. 000 луѓе, додека 196. 000 пријавиле дека таа строго ги ограничува во извршувањето на секојдневните активности.

Притоа најпогодени биле оние на возраст од 35 до 69 години, па луѓето кои живеат во најсиромашните области, здравствени работници или социјални работници и оние со истовремени болести.

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок изјави дека е многу загрижен за влијанието на Ковид пандемијата и дека владата вложува повеќе во решавање и разбирање на ваквата состојба.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња