Утрински Весник
Македонија

Скопјанец фатен со 45 килограми марихуана во Прилеп

Скопјанец фатен со 45 килограми марихуана во Прилеп

Основното јавно обвинителство Прилеп отвори истрага против едно лице од Скопје, на возраст од 31 година, за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Осомничениот, на 20 октомври, на патот Прилеп-Градско, неовластено пренесувал 45,085 килограми марихуана помешана со тутун наменета за понатамошна продажба.

Според информациите одобвинителството, тој дрогата ја набавил во Струга и ја ставил во патни торби, па едната од нив ја ставил на задното седиште, а другите две во багажникот на автомобил „пежо 306“. Движејќи се во правец кон Градско со возилото, во близина на бензинска пумпа на излезот од Прилеп, осомничениот бил сопрен и контролиран од страна на полициски службеници. При прегледот на возилото, полициските службеници ги пронашле патните торби со дрога и ги одзеле.

Судот на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.​​

Можете да прочитате

Делегација на СДСМ предводена од потпретседателката Каја Шукова оддаде почит во Скопје, по повод Денот на Републиката

Бленди Ходаи: За Кочани ќе нема правда зашто институциите се фокусираа на контаминација на гневот и револтот на граѓаните

Шукова со честитка за Илинден: Заедно да градиме нова иднина, да ги движиме и Скопје и Македонија напред!