Утрински Весник
Спорт

Резил на Милвоки во Мајами – Хит победија со разлика од 42 поени

Резил на Милвоки во Мајами – Хит победија со разлика од 42 поени

Актуелните шампиони во НБА лигата, кошаркарите на Милвоки Бакс, доживеаја тежок пораз во Мајами. Хит славеа над Бакс во својата арена со 137:95.

Натпреварот стана еднонасочна улица уште во првата четвртина, во која Мајами стекнаа предност од 25 поени. Предноста од над 20 поени, Хит, ја имаа се до третиот период кога уште повеќе ја зголемија.

Милвоки на овој натпревар погодија само 12 тројки од 42 обиди и имаа 20 скокови помалку од противникот (38/58).

Шестиот играч на Мајами, Тајлер Хиро за 24 минути на паркетот постигна 27 поени, Џими Батлер уфрли 21 поен, а Бем Адебајо забележа дабл-дабл од 20 поени и 13 скокови. Јанис Адетокумбо одигра само 22 минути, забележа 15 поени и 10 скока, поен помалку за Бакс постигна Грејсон Ален.



> Резил на Милвоки во Мајами – Хит победија со разлика од 42 поени <

Можете да прочитате

Фенербахче испрати понуда до Жозе Мурињо

Ига Свјонтек првата полуфиналистка на турнирот во Рим

Тотенхем може да пресуди кој ќе биде поблиску до шампионската титула во Премиер лигата