Утрински Весник
Македонија

Скопјанец пријавен за исчезнат пронајден мртов во неговата викендичка

Скопјанец пријавен за исчезнат пронајден мртов во неговата викендичка

Скопјанец на возраст од 63 години со иницијали Љ.Д. синоќа околу 18 часот бил пронајден починат во во неговата викенд куќа во населба Лавачи.

Како што информираат од МВР, за 63–годишникот во 13.50 часот истиот ден било пријавено дека се оддалечил од својот дом.

Од страна на лекар од брзата помош била констатирана смрт без траги на насилство.

На местото на настанот извршен бил увид од екипа од СВР Велес, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Можете да прочитате

31 пожар на отворен простор, два активни, пет под контрола

Гром уби 107 овци на сточар од Чашка

Сончево и топло, со температури до 37 степени