Утрински Весник
Македонија

Скопјанец загина во сообраќајна незгода кај клучката кај Хиподром

Скопјанец загина во сообраќајна незгода кај клучката кај Хиподром

Триесет и едногодишен скопјанец загина во сообраќајна несреќа, што вчера се случила на автопатот Куманово – Скопје, во близина на клучката кај Хиподром.

Според информациите од МВР, до несреќата дошло кога Д. Ѓ. со автомобилот „фиат фиорино“ излетал од патот. Тој починал на местото на несреќата, а смрт констатирала екипа од итната медицинска помош.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на обдукција.

Можете да прочитате

Мицкоски: Ние сме една од првите влади во Европа која оди со намалување на даноците за бензините, но враќаме и 2.5 милијарди евра стари долгови

ДУИ: Спорно е отпуштањето на петмина Албанци од Министерството за односи меѓу заедниците

ОЈО поднесе обвинение за кражба на кабли од кругот на скопска „Железара“