Утрински Весник
Македонија

Скопјанец добил закани со оружје од вработени во МВР поради недоразбирање во сообраќајот

Скопјанец добил закани со оружје од вработени во МВР поради недоразбирање во сообраќајот

Триесетгодишен жител на скопското село Буковиќ, со иницијали Е.А, вчера во полициската станица Ѓорче Петров пријавил инцидент кој се случил на 26. март на автопатот Тетово – Скопје.

Според неговата пријава, по претходно недоразбирање во сообраќајот, пет лица му се заканиле, а двајца од нив имале и огнено оружје.

По преземени мерки од страна на полицијата било утврдено дека станува збор за лицата Ф.Р. (44), А.А. (38), Д.Н. (41), Н.С. (28) и Д.Д. (48), сите од Гостивар и сите вработени во МВР.

За настанот бил известен Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Филипче: Намалувањето на ДДВ за гориво е задоцнета и половична мерка која нема да има ефект

Три лица уапсени за семејно насилство во последното деноноќие

Приведени седум лица во Скопје