Утрински Весник
Македонија

Скопското обвинителство побара парични казни за 63 лица поради непочитување на полицискиот час

Нова средба на работните групи за законот за јавно обвинителство

Скопје, 30 април 2020 (МИА) – Вкупно 63 лица се опфатени со 52 предлози за издавање казнени налози што Основното јавно обвинителство Скопје денеска ги поднесе до Основниот кривичен суд Скопје.

Обвинетите, како што соопштија од Јавното обвинителство, не го почитувале полицискиот час, па спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, биле затекнати како без дозвола се движат надвор од нивните домови во часовите во кои е забрането движење на населението. Со ова, како што се посочува, тие сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Надлежните јавни обвинители на Судот му предложија за секој од обвинетите да изрече парични казни од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност, стои во соопштението. рп/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рама: Албанија и ако стане членка на ЕУ нема да стави вето на Северна Македонија

Приведен турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч

Делумно прифатен амандманот на Левица – обезбедени 2 милиони денари за СОС линија за жртви на семејно насилство