Утрински Весник
Македонија

Скопската Зоолошка градина го претстави „Заливот на пингвините“

Скопската Зоолошка градина го претстави „Заливот на пингвините“

Во скопската зоолошка градина денеска беше претставено новото живеалиште на пингвините, које е наречено „Залив на пингвините“.

„Со пуштањето во употреба на пингвинариумот на едно место ги имаме двата најегзотични и најпопуларни видови на птици – фламинга и пингвини кои за првпат се жители на нашата Зоолошка градина. Пингвинариумот е составен од внатрешен дел со затворен базен, надворешен базен од 180м2, подземен дел со филтри и пуми за вода, како и тераса од 120м2. Направен е и мал зелен кров за да се заштеди на електрична енергија. Граден е по светски стандарди и со идеални услови за овие јужноамерикански пингвини кои најлесно се адаптираат на нашата клима“, рече градоначалникот Петре Шилегов.

Тој додаде дека градот ја финансирал изградбата на двете живеалишта за фламинга и пингвини кои заедно чинат околу 17,7 милиони денари денари.

Исто така, Шилегов посочи дека Скопје и ЗОО во континуитет работат и на едукација на посетителите, но и на облагородување на просторот со нови атрактивни содржини кои привлекуваат се поголем број посетители.

Можете да прочитате

Марихуана наместо храна, перници и јоргани – разоткриена шверцерска рута преку Табановце

Гужви на бензинските по објавувањето на новите цени на горивата

Притвор и кривични по крвавата пресметка во Аеродром – двајца тешко повредени