Утрински Весник
Економија

Сите кои останале без работа од 11 март до 30 април да поднесат барање за паричен надомест до 26 јуни

Сите кои останале без работа од 11 март до 30 април да поднесат барање за паричен надомест до 26 јуни

Скопје, 23 јуни 2020 (МИА) – Сите кои останале без работа во периодот од 11 март до 30 април, без разлика дали потпишале спогодбен отказ или лична изјава, или добиле отказ од работодавачот, ќе можат два месеца да примаат паричен надоместок. Во тек е аплицирањето во Агенцијата за вработување, кое ќе трае до 26 јуни, напиша министерката за финансии Нина Ангеловска во објава на својот профил на Фејсбук.

Таа  потенцира дека при креирање на мерките Владата се погрижила и за оние чии работни места се затвориле како резултат на кризата.

-Финансиска поддршка за граѓаните кои го изгубиле работното место како резултат на Ковид-19 кризата, со цел полесно да го премостат овој период. При креирањето на мерките нашата примарна заложба беше да се погрижиме за да се зачуваат работните места и вработените лица да останат вработени и да добиваат плати. Но секако дека при креирање на мерките Владата се погрижи и за оние чии работни се затвориле како резултат на кризата. Затоа беше донесена Уредбата за исплата на паричен надоместок на лицата кои согласно постојната регулатива не им следи паричен надомест за невработеност, напиша Ангеловска.

Креирани се, како што наведува, бројни мерки во три сета наменети за соодветните периоди. Со мерките од третиот сет, наменети за заживување и опоравување, ги помагаме граѓаните, но и компаниите со цел побрзо опоравување и обновување на економската активност која ќе резултира со реотворање на работни места, порачува министерката за финансии. лв/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија