Утрински Весник
Свет

Сингапур го искорени коронавирусот

Сингапур го искорени коронавирусот

Некогаш имаше најголема стапка на Ковид-19 во Југоисточна Азија, но откако во вторникот пријави 14 дена без нови локални случаи, велејќи дека го изгасил последното жариште на инфекција во работнички дом, Сингапур го искорени вирусот.

Преполни домови населени со млади, ниско платени работници, претежно од Бангладеш, Индија и Кина, беа епицентарот на ширењето на вирусот во овој град-држава на почетокот на оваа година.

И додека Сингапур не пријави ниеден случај во текот на две недели, мал број на заразени се слеваа однадвор, но тие веднаш беа изолирани, соопштија властите.

Повеќето случаи на заразени во Сингапур се забележани во објекти за сместување на работници. Властите воведоа строг карантин таму, што предизвика критики од групите за човекови права. Но, сè уште беа потребни многу месеци за да се запрат жариштата дури и кога бројот на заразени во пошироката заедница беше мал.

Во вторникот, Сингапур за прв пат тврди дека нема нови жаришта на инфекција низ целата земја од почетокот на пандемијата.

Иако животот се врати во релативна нормалност, останува задолжително носењето маски и строги правила за социјалното растојание, додека границите на земјата остануваат главно затворени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Од денеска нови правила во ЕУ за PFAS во амбалажата за храна

Путин најави реципрочни мерки доколку ЕУ почне да конфискува руски бродови од „флотата во сенка“

Американците должат 1,26 билиони долари на кредитни картички