Утрински Весник
Спорт

Симеоне го подобри рекордот на големиот Арагонес

Симеоне го подобри рекордот на големиот Арагонес

Мадрид, 28 јуни 2020 (МИА) – Успехот на Атлетико Мадрид над Алавес ја продолжи успешната серија на „јорганџиите“, кои веќе имаат 4 последователни победи и се цврсто на третото место во Ла Лига.

Победата е под бр.195 за Диего Симеоне на чело на тимот во шампионатни натпревари. Така, Аргентинецот го подобри рекордот на уште една легенда на Атлетико – Луис Арагонес, кој има 194 успеси во шпанскиот шампионат како тренер на Мадрид.

Симеоне ја презеде тренерската позиција на „црвено-белите“ во 2011 година, а досега донесе 7 големи трофеи во витрините на клубот – титулата во Ла Лига (2014), Кралскиот Куп (2013), Шпанскиот Суперкуп (2014), Лигата на Европа (2012, 2018) и Европскиот Супер куп (2012, 2018).

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

18 млади репрезентативци одат на светско првенство со самофинансирање – за што служи Министерството за спорт, прашува Левица

Светската џудо елита викендов ќе се натпреварува во „Јане Сандански“

Интер Мајами го освои Купот Кампеонес, Меси го постигна својот 100. гол за клубот од МЛС