Утрински Весник
Македонија

Силјановска: Ние ќе воспоставиме правна држава со силни институции

Силјановска: Ние ќе воспоставиме правна држава со силни институции

Професорката Гордана Силјановска Давкова се обрати пред граѓаните од Аеродром и им порача дека сме доведени на ѕидот на срамот. Не смее да има човек, вели Силјановска, кој нема да реагира на она што ни се случува.

„Партијата што се нарекува социјалдемократски сојуз стана партија на социјалдеморализиран сојуз, на социјалдотрајен сојуз. Има моменти кога човек не смее да молчи таков е овој момент. Ќе се согласите дека секогаш кога било најтешко во македонската историја се појавувале учителите. Фрлете поглед на листите на едните листи ќе ги познаете петкашите и десеткашите, а на другите оние од транзицијата што прекуноќ се збогатија.
Деновиве во очај почнаа да фрлаат летки замислете Тимчо и јас сме биле транзиционите профитери. Јас сум била 2 години во политика а транзицијата трае 30 години. Е тие кој од бебиња се во политики и не се збогатија од пиперки и патлиџани туку од политичкиот статус велат дека повторно транзиционите политичари се во игра, тоа е срамота“, објасни таа.

Истакна дека народот треба да се праша дали подобро живее од порано, дали е побезбеден, дали е поздрав дали ги нема корупцијата и криминалот.

„Дали непотизмот не цвета, дали администрацијата е подобра. Не многу не! Споредете ги оние кој ги персонализираат партиите, еден прекуноќ збогатен човек и еден учител ама и добар мајстор. Тој со наша помош треба да ја поправи куќата. Може ли со вакво судство да збориме за владеење на правото, се разбира не. Не знам колку бомби паднаа и дознавме интересни работи. Оние кој се повикуваат на право и правда се главните рушители на правото. Ние не сакаме ништо друго освен европски темел на куќата“, истакна Силјановска.

Нагласи дека не може да постои економија, образование, социјална заштита и култура, ако нема костур наречен владеење на правото.

„Ние знаме како да го направиме тоа, затоа што правото и правдата е на наша страна, а неморалот и заборавањето на етиката се со нив. Затоа се во паника. Бидете убедени дека на 15 јули ќе започне нова ера јас ја викам 4 македонска република во која сите граѓани како индивидуи ќе бидат рамноправни. Македонија е точно мултикултурно општество, но Македонија мора да биде пристојна европска граѓанска држава, повика Силјановска Давкова.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ранѓеловиќ: На фронтот во Украина се борат и платеници од Колумбија

Мицкоски: Не сум импресиониран од ова раководство на СДСМ

Мицкоски не бил импресоиниран од новото раководство на СДСМ