Утрински Весник
Свет

Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено предупредување за цунами

Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа на 66 километри оддалеченост од Бобон на Филипините, објави Американскиот геолошки завод.

Издадено е и предупредување за цунами.

Претходно, Европскиот медитерански центар за сеизмологија објави дека јачината на земјотресот во епицентарот била 6,9 степени според Рихтеровата скала и дека бил на длабочина од 60 километри, објави Ројтерс.

Засега нема други детали за штетата или повредените.

Можете да прочитате

Трамп: Куба побара помош, ќе разговараме со Хавана

Раскол кај британските лабуристи: Над 100 пратеници го поддржаа Стармер, 80 бараат негова оставка

Путин најави распоредување на „најмоќната ракета во светот“ до крајот на годината