Утрински Весник
Магазин

Силвестер Сталоне се враќа во „Чувари на Галаксијата 3“

Силвестер Сталоне се враќа во „Чувари на Галаксијата 3“

Силвестер Сталоне, кој кратко се појави како Стакар Огорд во „Чувари на галаксијата 2“, откри дека ќе се врати во третото продолжение.

На почетокот на објавата на својот Инстаграм-профил, Сталоне напиша: „Еве ме на снимањето на Guardians of the Galaxy. Подолу во објавата тој покажува камери од 360 степени, дизајнирани да ги снимаат сите изрази на лицето. Овој вид камера овозожува лицето да може да се реплицира дигитално.

Во режија на Џејмс Ган, кој ги режираше и претходните два филма од серијалот, во третото продолжение ќе глумат Крис Прат, Зои Салдања („Одмаздници: Крај на играта“), Дејв Батиста („Армија на мртвите“), Карен Гилан (Spies in Disguise), Пом Клементиеф (Avengers: Infinity War) и Шон Ган („Одред самоубијци“).

Третото продолжение на динамичната филмска сага најверојатно ќе ги продолжи авантурите на тимот што патува низ вселената.

 

Можете да прочитате

Викенд што долго ќе се прераскажува: Повеќе од 60 жени беа дел од настанот „dm bring your best friend” во Маврово

Почина синот на пејачот Маријан Стојаноски

Награда од 13.000 евра за победникот на натпревар во спиење во Јапонија