Утрински Весник
Економија

СИЗ Македонија Сообраќај АМЕРИТ: Превозниците во патниот транспорт во време на COVID-19

СИЗ Македонија Сообраќај АМЕРИТ: Превозниците во патниот транспорт во време на COVID-19

Скопје, 10 април 2020 

Почитувани,

Соочени со глобалната криза поради COVID-19, сите земји се соочуват со предизвикот да се одржи економијата и воведуваат мерки за одржување на патниот сообраќај и протокот на стоки. Стопанската интересна заедница Македонија Сообраќај АМЕРИТ, внимателно ги следи економските текови во државата, особено имајќи ги предвид последиците врз економијата предизвикани од мерките за заштита врзани со глобалната пандемија на коронавирусот.

Транспортот е сектор којшто очекувано е погоден од кризата со која се соочува целиот свет, но и нашата држава, пред се поради мерките за заштита на здравјето и намаленото движење на луѓето.

За нас, како и за сите сериозни компании здравјето на граѓаните е најважно и сметаме дека одговорно треба да се пристапува во санирање на економските последици.
Покрај економските мерки коишто ги применува Владата овие денови во јавноста се отвори тема со барање на одреден бизнис сектор за зголемување на акцизите за безоловен бензин и евродизел гориво за акумулирање на повеќе средства во буџетот на државата.

Цените на бензините на светските берзи и кај нас, со започнување на пандемијата драстично се намалија, а прогнозите се дека овој тренд ќе продолжи. Очекувано, земјите го балансираат намалувањето на цените на горивата со зголемување на даноците. Од друга страна, драстично е намален обемот на транспортот. Оттука, треба да се направи добра проценка како ова би можело да влијае на целокупниот бизнис со транспортот.

Стопанската интересна заедница ја разбира сериозноста на ситуацијата и намерите да се помогне на економијата, да се обезбеди стабилно функционирање на сите државни функции но и да се обезбеди поддршка за компаниите погодени од кризата.

Очекуваме подетално образложение на ефектите од оваа предложена мерка во јавноста, на транспарентен начин, но и гаранции за намената на собраните средства и нивна распределба онаму каде што е потребно, не изоставувајќи го товарниот транспортот, но и патничкиот превоз, кој бележи 100% пад од почетокот на пандемијата. Кога средствата се ограничени, мора да размислуваме како да опстоиме, но и како да продолжиме понатаму.

Улогата на патниот транспорт во обезбедувањето на економска одржливост и континуитет е од суштинско значење и треба да се препознае како таква на национално и меѓународно ниво преку конкретни активности што го поддржуваат сегашниот и идниот успех на индустријата.

Со почит,

 Лефтер Андонов, управител
СИЗ Македонија Сообрааќај АМЕРИТ

_________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Функционираат системите за Е-ПДД, Е-Даночни услуги и МОЈ ДДВ

Одржана редовна седница на Советот на Народната банка

Во Црна Гора 1.000 продукти со ограничена цена, во Македонија наместо мерки, Мицкоски со апел до трговците