Утрински Весник
Магазин

Сиднеј: Полицијата трага по крадци на тоалетна хартија

Сиднеј: Полицијата трага по крадци на тоалетна хартија

 

Сиднеј, 24 март 2020 (/) – Австралиската полиција денеска објави потерница за двајца мажи осомничени за „кражба и обид за кражба” на тоалетна хартија во неколку супермаркети во Сиднеј.

Властите на Нов Јужен Велс објави фотографии на осомничените, наведувајќи дека еден од нив се заканувал со нож кон вработен во еден од трговските објекти.

– Граѓаните на Нов Јужен Велс нема да толерираат криминално однесување во кое било време, а особено не во криза, изјави министерот за полиција и итни служби во оваа австралиска сојузна држава, Дејвид Елиот.

Корона-кризата во голем дел од продавниците низ Австралија предизвика недостаток на некои намирници, како што се тоалетната хартија и одредени прехранбени и хигиенски производи. Некаде тоа предизвика и тепачки меѓу купувачите, па трговиските објекти мораа да ограничување на количините што може да се купат. Така, особено внимание привлекува одлуката на еден супермаркет – еден пакет тоалетна да може да се купи за 3,5 австралиски долари, но ако купувачот сака два пакета, ќе треба да плати 99 долари. Ова – со цел рамномерна распределба и да се намали т.н. алчно купување.  си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

На 50 години посака уште едно дете – доби тројки

Joван Јованов со прва соло песна по 17 години како најава за големиот концерт во Скопје

Кои се придобивките од истегнувањето