Утрински Весник
Свет

СЗО: Условите се идеални за појава на нови варијанти на вирусот

СЗО: Условите се идеални за појава на нови варијанти на вирусот
Dik 300x250 mk

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Гебрејесус денеска изјави дека би било опасно да се мисли дека екстремно заразниот вид омикрон е последен што ќе се појави во светот и дека ова е крајот на пандемијата.

Сепак, Тедрос додаде дека е можно оваа година да заврши акутната фаза на пандемијата, каде што ковид претставува глобална здравствена закана, под услов стратегиите и помагалата како тестовите и вакцините да се користат правилно, објави „Ројтерс“.

Говорејќи на отворањето на состанокот на извршното тело, Тедрос истакна дека омикрон е откриен пред речиси 10 недели и дека оттогаш во светот се регистрирани 80 милиони случаи, повеќе отколку во 2020 година.

„Условите се идеални за појава на уште повеќе видови“, додаде директорот на СЗО.

Тедрос посочи дека човештвото може да стави крај на коронавирусот како глобална здравствена закана со исполнување на повеќе цели, како што е намерата на СЗО за вакцинирање на 70 отсто од населението во сите земји до средината на годината, особено оние кои се изложени на најголем ризик од Ковид-19, како и со внимателно следење на вирусот и новите варијанти кои се појавуваат.

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа