Утрински Весник
Свет

СЗО: Рекордна смртност од Kовид-19 втора недела по ред

СЗО: Рекордна смртност од Kовид-19 втора недела по ред

Светската здравствена организација (СЗО) денес објави дека смртноста на пациентите заболени од ковид е рекордна на глобално ниво веќе втора недела по ред.

Според податоците објавени во редовниот неделен извештај на СЗО, во текот на изминатата недела во светот починале повеќе од 93.000 пациенти заболени од ковид и биле потврдени 5,7 милиони новозаразени, пренесува ТАСС.

Во минатонеделниот извештај на СЗО беше наведено дека во периодот од 26 април до 2 мај, во светот се потврдени 5.705.981 новозаразени и 93.523 смртни случаи.

СЗО објави дека т.н. британски вид на коронавирус се прошири во 142 земји низ светот, дека присуството на т.н. јужноафрикански вид е потврден во 97 земји, додека т.н. бразилска варијанта е детектирана во 56 земји.

 

Можете да прочитате

Кинезите објавија бесплатен модел на вештачка интелигенција кој хакира заштитени мрежи без никакви проблеми

Партијата на Нетанјаху: Арапските партии ги украдоа изборите

Два брзи воза се судрија во Шпанија, над 50 загинати