Утрински Весник
Свет

СЗО порача дека не треба да се бара документ за вакцинација при патувања во странство

СЗО порача дека не треба да се бара документ за вакцинација при патувања во странство

Комитетот за итни случаи на Светската здравствена организација (СЗО) порача дека не треба да се бара доказ за вакцинација против Ковид-19 за меѓународни патувања, бидејќи тоа ќе го ограничи глобалниот пристап поради неправедната дистрибуција на вакцините.

Во соопштението на Комитетот се вели дека и покрај зголемената употреба на вакцини, пандемијата е далеку од завршена.

„Не треба да се бара доказ за вакцинација против Ковид-19 за меѓународни патувања како единствена опција или услов, со оглед на ограничениот глобален пристап и нерамномерната дистрибуција на вакцините. Државите треба да размислат за пристап заснован на ризик за да го олеснат меѓународното патување со укинување или менување на мерките како што се барањата за тестирање и карантин, онаму каде што е соодветно, следејќи ги упатствата на СЗО“, се наведува во документот.

Комитетот повика на признавање на сите вакцини што се одобрени од СЗО за итна употреба и на сите шеми за вакцинација во согласност со препораките на нејзината експертска група.

Можете да прочитате

Над 240 случаи на Западнонилска треска во Европа

Трамп очекува конфликтот со Иран наскоро да заврши, Техеран вели дека американската дипломатија не успеала

Италија го отфрли шпанскиот ултиматум за укинување на граничните контроли