Утрински Весник
Свет

СЗО особено загрижена за состојбата на Балканот и во Централна Европа

СЗО особено загрижена за состојбата на Балканот и во Централна Европа

Ситуацијата на Балканот и во Централна Европа е „особено“ загрижувачка во време кога бројот на нови зарази во Европа расте трета недела по ред, објави денеска европскиот огранок на Светската здравствена организација (СЗО).

„Особено сме загрижени за епидемиолошката состојба на Балканот, како и во многу други централноевропски земји“, рече Кетрин Смолвуд, задолжена за вонредни состојби во СЗО за Европа, истакнувајќи дека бројот на смртни случаи и хоспитализации во регионот во моментов е меѓу највисоките во светот.

Директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуж, вели дека инциденцијата на случаи го продолжува трендот на пораст и се движи кон исток. „Ние сме во третата последователна недела на раст на бројот на случаи во регион од 53 земји, додаде тој.

„Бројот на луѓе кои умираат од Ковид-19 во Европа денес е поголем отколку што беше во истиот период минатата година, што е одраз на широко распространетото ширење на вирусот“, рече Клуге.

Повеќе од 21.000 луѓе починаа од Ковид-19 во последните седум дена во европските земји, според податоците на СЗО.

Клуге додава дека придобивките од вакцинацијата ќе дојдат, но дека Европејците засега мора да продолжат да ги користат постојните средства.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски го избра шефот на „Нафтогас“, Сергеј Корецки, за нов украински премиер

Братот на шпанскиот премиер осуден за непотизам – девет години не смее да добие  јавна функција

Агент на американската имиграциска служба застрела маж во Мејн, случајот предизвика нови критики кон Агенцијата