Утрински Весник
Свет

СЗО: Загрижени сме за Грција, Франција, Полска, БиХ и Украина

СЗО: Загрижени сме за Грција, Франција, Полска, БиХ и Украина

Сите вакцини против Ковид-19 одобрени за употреба ги исполнуваат стандардите за безбедност, ефикасност и квалитет, рече директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге.

„Оваа пандемија сè уште не е завршена, а вакцинацијата е една од клучните алатки за спречување на Ковид-19 и за запирање на пандемијата“, подвлече Клуге во интервју за грчката новинска агенција АНА.

Во европскиот регион, додаде тој, се забележани сигнали за стабилизација кога станува збор за бројот на случаи на заразени со коронавирус, но сè уште има близу 1,6 милион нови случаи на Ковид-19 секоја недела.

„Значи, ситуацијата е сериозна, ние не излеговме од кризата и мораме да живееме со вирусот некое време. Сепак, она што е важно да се напомене е дека имаме на располагање моќни средства за борба против вирусот и ние знаеме како да ги користиме “, рече тој.

Тој додава дека мерките за физичко дистанцирање, носење маски, хигиена на рацете, тестирање, следење контакти, изолација, дејствуваат во смисла на запирање на ширењето на инфекцијата и спасување животи. „Јавното здравство и социјалните мерки ги прекинуваат синџирите на пренесување и тие мора да се комбинираат со долгорочна стратегија за вакцинирање. Само со користење на ова оружје можеме да го запреме вирусот”, рече Клуге.

Тој вели дека ситуацијата со високата стапка на хоспитализација во неколку земји, вклучувајќи ги Грција, Франција, Полска, Босна и Херцеговина и Украина, е многу загрижувачка. Тој исто така нагласува дека најважното прашање е дека секоја земја во Европа, и пошироко, има еднаков пристап до вакцините, како и дека е потребно драстично зголемување на производството на вакцини за да се забрза процесот на вакцинација.

„Темпото на испорака на вакцини против Ковид-19 во европскиот регион се зголемува и веќе се дадени над 171 милион дози“, рече Клуге.

Можете да прочитате

Троjцата Американци ослободени во размената на затвореници со Кина се вратија дома 

Грузиската полиција со водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во ЕУ

11 кинески и руски воени авиони влегоа во зоната за воздушна одбрана на Јужна Кореја