Утрински Весник
Свет

СЗО: Виетнамската варијанта не е нов хибрид на коронавирусот

СЗО: Виетнамската варијанта не е нов хибрид на коронавирусот

Варијантата на коронавирусот, за којашто виетнамските власти тврдат дека е комбинација од индиски и британски соеви, не е нов хибрид, туку дел од постојниот индиски вид, изјави денеска претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) во Виетнам.

„ Во моментов нема нова хибридна варијанта во Виетнам заснована на дефиницијата на СЗО“ изјави претставникот на СЗО, Кидонг Парк во интервју за весникот „Никеи“.

Тој додаде дека оваа варијанта на коронавирусот е дел од варијацијата што потекнува од Индија.

Можете да прочитате

ПРВИ ФОТОГРАФИИ ОД МАДУРО ЗАД РЕШЕТКИ: Насмеан позира од затворот во Њујорк

Хамнеи ги повика земјите од Персискиот Залив да се обединат против „вистинскиот непријател“

Најмалку 750 мртви во поплавите и лизгањето на земјиштето во Непал, властите предупредуваат за зголемување на нивоата на реките