Утрински Весник
Свет

СЗО: Бројот на новозаразени во светот доста опадна во однос на минатата недела

СЗО: Бројот на новозаразени во светот доста опадна во однос на минатата недела

Бројот на нови случаи на коронавирус во светот е намален за 17 отсто во текот на минатата недела во однос на претходната недела, а бројот на починати е намален за 7 отсто, соопшти денеска Светската здравствена организација.

Во исто време, како што беше соопштено, бројот на нови случаи на коронавирус во САД е намален за 50 отсто, пренесува агенцијата АП.

„ Преваленцијата на сојот омикрон е зголемена на глобално ниво и сега е откриена во речиси сите земји“ известува СЗО.

Бројот на нови случаи е намален во сите шест региони на СЗО, освен во источниот Медитеран, кој забележа скок од 36 отсто, со посебен пораст во Авганистан, Иран и Јордан.

Во Европа бројот на заболени е намален за 7 отсто, додека во Северна и Јужна Америка падот е 36 отсто.

Можете да прочитате

СЗО прогласи крај на епидемијата на хантавирус на крузерот „Хондиус“

Јахтата на Путин забележана во близина на брегот на Данска

Недостиг од гориво во Русија, полиција ги чува бензинските пумпи