Утрински Весник
Свет

СЗО бара заострување на мерките против коронавирус во светот

СЗО бара заострување на мерките против коронавирус во светот

Светската здравствена организација (СЗО) ги предупреди земјите со зголемен број на заразени со коронавирус да не доцнат со заострување на мерките за заштита. Од СЗО велат дека колку побрзо се воведат мерките, толку потенцијално помалку ќе бидат потребни.

Експертот на СЗО за Ковид-19, Марија ван Керхове, рече дека делта варијантата на вирусот што сега циркулира е многу позаразна од претходните варијанти.

„Неколку земји се во тешка ситуација и мора да воведат многу строги мерки“, рече директорот на СЗО за здравствени вонредни ситуации Мајк Рајан.

Можете да прочитате

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна

Крајно неизвесни избори во Хондурас: Кандидатот на Трамп премина во водство, опонентот тврди дека е направена измама

Американската војска уби четири лица во најновиот напад врз брод за шверц на дрога