Утрински Весник
Спорт

Се јави Де Брујне, има скршеница на носот и на очната празнина

Се јави Де Брујне, има скршеница на носот и на очната празнина

Белгиската ѕвезда на Манчестер сити, Кевин де Брујне потврди дека добил скршеница на носот и на очната празнина по страшниот судир со Антонио Ридигер во финалето на Лигата на шампионите против Челси во Португалија.

Де Брујне во солзи мораше да биде заменет во мечот по повредата, и сега се јави на Твитер со порака по заминувањето од болницата во Лисабон.

„Здраво момци, само што се вратив од болница. Дијагнозата е скршеница на носот и на левата орбита. Сега се чувствувам добро. Уште сум разочаран за вчера, но секако, ќе се вратиме посилни“, напиша Белгиецот.

Не е јасно дали повредата ќе го спречи Де Брујне да настапи за Белгија на Европското првенство ова лето.

> Се јави Де Брујне, има скршеница на носот и на очната празнина <

Можете да прочитате

Верстапен реагира на условите и правилата на спринт трките во Ф1

Затворски казни до 12 години побарани за медицинскиот тим на Марадона

Вардар ја пречекува Висла во обид да дојде до првите бодови сезонава во ЛШ