Утрински Весник
Македонија

Се урна потпорен ѕид во Радовиш, оштетени неколку автомобили

Се урна потпорен ѕид во Радовиш, оштетени неколку автомобили

Струмица, 22 јуни 2020 (МИА) – Потпорен ѕид се урна синоќа во Радовиш, во близина на Етнолошкиот музеј. Од урнатините се оштетени неколку автомобили, но во моментот на урнувањето немало движење на пешаци.

Според граѓани кои живеат во близина, се се случило одеднаш и за миг камењата се струполиле на коловозот.

Екипи на ЈП „Плаваја“ изутрината го расчистија коловозот, за да може нормално да се одвива сообраќајот, а според најавите од Општина Радовиш, оштетениот ѕид ќе се санира. рт/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трет ден продолжува  стабилизирањето на состојбата со гастроентеритис во Гостивар – бројот на нови прегледи намален за 41 отсто

Нова динамика во реформите со ЕУ како стратешки партнер

Работник тешко повреден при пад од зграда во Куманово