Утрински Весник
Македонија

Се тресеше тлото во Прилеп и Битола

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 17.07.2022 година регистрираше земјотрес 92 km јужно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје Мрежичко-Кавадарци.

dobivaj vesti na viber

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 15 часот и 40 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.4 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Прилеп, Битола и околината.

Можете да прочитате

17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола

Муцунски – Хукер: Стратешкото партнерство со САД е значаен придонес за стабилноста во регионот

Муцунски: Бледскиот форум важна платформа за размена на ставови за иднината на регионот