Утрински Весник
Македонија

Се санираат штетите од невремето во пехчевскиот регион

Се санираат штетите од невремето во пехчевскиот регион

Пехчево, 6 април 2020 (МИА) – Во пехчевскиот регион се санираат штетите од вчерашниот силен ветар што го зафати градот и околните села. Ветрот што дуваше со над 100 километри на час, откорна многу стари дрвја, меѓу кои и најстариот чемпрес во градот.

Денеска во организирана акција надлежните за справување со вакви ситуации истиот го отстранија, заедно со двете дрвја кои паднаа во дворот на старата амбуланта.

– Добро е што во целата ситуација немаше човечки жртви. Ветерот кој беше навистина силен направи голема штета на дел од имотите на граѓаните, за што денес се организиравме да им помогнеме во расчистување на штетата, велат учесници во акцијата.

За најпогодените од невремето предвидена е помош од општината.

– Сите оние кои имаат штета да ја пријават истата кај надлежните институции како би можеле во најбрзо време да им помогнеме, истакнаа вработени во Единицата на локалната самоуправа.

Меѓу погодените од силниот ветар се и неколку семејства од село Црник кои останаа без дел од кровната конструкција. За нив најавена е помош во ќерамиди, за враќање на нивните кровови во првобитната состојба. вс/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”