Утрински Весник
Македонија

Личните карти и пасошите со изминат рок ќе важат додека трае вонредната состојба

Граѓаните немаат подигнато 35 илјади изработени лични карти

Скопје, 6 април 2020 (МИА) – Личните документи (лични карти и пасоши) на кои им истекол рокот ќе имаат продолжено важење за времетраење на вонредната состојба воведена поради коронавирусот.

За продолжување на важноста Владата донесе уредба која има сила на закон, потсети премиерот Оливер Спасовски во врска со прашањата од граѓани кои имаат истечени документи или закажани термини за вадење нови, а поради ограниченото движење се оневозможени да одат во службите.

-Во овој период граѓаните да не се оптоваруваат, ниту да се вознемируваат поради тоа што им истекува важноста на некој од документите. Поважно е да го зачуваат своето здравје, поважно е да не придонесат за ширење на вирусот, рече Спасовски одговарајќи на новинарски прашања попладнево на прес-конференција. хс/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пожар во импровизиран објект во Скопје

Скопјaнец со над 2,2 промили алкохол возел низ Струга

Две тешки сообраќајки во Тетовско – осум повредени, двајца возачи уапсени