Утрински Весник
Македонија

Се реконструираат пешачките патеки во „Градски парк”

Се реконструираат пешачките патеки во „Градски парк”

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈП Улици и патишта, Борис Настов, денеска извршија увид и обиколка на реконструкцијата на патеките во Градскиот парк, каде изведувачките активности се во тек и според предвиденото веќе се завршени поголем дел од патеките.

„ Интензивно се реконструираат патеките во Градскиот парк. Од почетокот на реконструкцијата до денеска вградена е нова асфалтна маса од 750 тони, а реконструирани се над 5.000 квадратни метри патеки во западниот дел од паркот“, истакна директорот на ЈП Улици и патишта.

Екипите на Градот Скопје и јавното претпријатие Улици и патишта продолжуваат со активности за одржување на постојната инфраструктура, реконструкција на пешачките патеки во Градскиот парк се врши во фази и на површина од 9.000 квадратни метри.

Веќе најголем дел од патеките се целосно реконструирани и асфалтирани, а граѓаните може да ги користат за прошетки и рекреација во текот на пролетните денови.

Можете да прочитате

Пожарот во Шуто Оризари е подметнат – доаѓаат со тротинети, потураат течност, палат и си одат

Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата Конрад Аденауер

Досега регистрирани 138 шумски пожари, до крајот на јули штетата изнесува четири милиони евра