Утрински Весник
Македонија

Се расчистува кејот на Вардар кај новиот пешачки мост кој беше непрооден осум години

Се расчистува кејот на Вардар кај новиот пешачки мост кој беше непрооден осум години

Почна да се расчистува кејот на реката Вардар во близина на Македонскиот народен театар и новиот пешачки мост. Досега екипите на Град Скопје подигнале 27 кубни метри градежен материјал, а се најавува дека чистењето ќе продолжи и во наредните денови.

Како што соопштија од Градот, овој дел од кејот речиси осум години не бил прооден за пешаци и за велосипедисти поради градежни работи и натрупан градежен материјал за изградба на „Панорамското тркало“.

„Изградбата на мостот е готова, „Панорамско тркало“ нема, и сега се работи на конечно ослободување и на оваа делница од кејот, за граѓаните да можат непречено да ја користат“, информираат од Град Скопје.

Додаваат дека ќе се продолжи со чистење на кејот на Вардар, калдрмата, каменот и коритото на реката, а ќе се уредуваат и пешачките патеки и зеленилото.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

ДПА нема да учествува на изборите

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ штити милионски злоупотреби во Еразмус+, зошто в.д. директорката не е разрешена?

ВЛЕН: Албанската култура се издига над измамите и злоупотребите на ДУИ!