Утрински Весник
Македонија

Се расчистува кејот на Вардар кај новиот пешачки мост кој беше непрооден осум години

Се расчистува кејот на Вардар кај новиот пешачки мост кој беше непрооден осум години
Ss2

Почна да се расчистува кејот на реката Вардар во близина на Македонскиот народен театар и новиот пешачки мост. Досега екипите на Град Скопје подигнале 27 кубни метри градежен материјал, а се најавува дека чистењето ќе продолжи и во наредните денови.

Како што соопштија од Градот, овој дел од кејот речиси осум години не бил прооден за пешаци и за велосипедисти поради градежни работи и натрупан градежен материјал за изградба на „Панорамското тркало“.

Ss1

„Изградбата на мостот е готова, „Панорамско тркало“ нема, и сега се работи на конечно ослободување и на оваа делница од кејот, за граѓаните да можат непречено да ја користат“, информираат од Град Скопје.

Додаваат дека ќе се продолжи со чистење на кејот на Вардар, калдрмата, каменот и коритото на реката, а ќе се уредуваат и пешачките патеки и зеленилото.

Извор: meta.mk

Ss1

Можете да прочитате

Мисајловски: Граѓаните масовно да излезат на гласање

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори

Единаесетти парламентарни избори, се кандидирале 1002 мажи и 753 жени