Утрински Весник
Македонија

Се поставува нова атмосферска канализација на крак од улицата Никола Тримпаре

Општина Центар почна со поставување нова атмосферска канализација на крак од улицата Никола Тримпаре, кој минува веднаш до матичниот објект на градинката „13 Ноември“.

dobivaj vesti na viber

Овој зафат се изведува на барање на граѓаните кои живеат во околните згради, кои повеќе пати се жалеа до општината. На овој потег поради старата и дотраена атмосферска канализација по секој обилен дожд се собира вода и се отежнува движењето.

Активностите опфаќаат поставување  нова атмосферска канализација во вкупна должина од 40 метри и нови сливници за полесно справување со отпадните атмосферски води.

Реконструкцијата на кракот од „Никола Тримпаре“ ќе биде завршена идната недела, во моментов Општина Центар ги реконструира улиците Петар Поп Арсов и Козара, а наредни за реконструкција се улиците Рајко Жинзифов, Адвокатска улица и пробивањето на улицата Партизанска.

Можете да прочитате

Малолетник од кичевско се самоповредил со воздушна пушка

Новиот закон за пушење во вторник на владина седница

Тешка сообраќајна несреќа го блокираше патот Стража – Кичево, судир меѓу три автомобили и камион