Утрински Весник
Македонија

Се поднесуваат пријави за учесниците во литијата во Струга, постапката се уште не е комплетирана

Филипче со апел до ИВЗ и МПЦ-ОА: Верските собири се голем ризик за трансмисија на вирусот

Скопје, 28 мај 2020 (МИА) – Лицата учесници во литијата во Струга се повикуваат на информативен разговор и им се поднесуваат соодветни поднесоци од јавното обвинителство, информира денеска министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

– Секторот за внатрешни работи во Охрид работи во координација со јавното обвинителство, се идентификуваат лицата, повикуваат, се поднесуваат кривични пријави и соодветни поднесоци во обвинителството. Се вршат и разговори со началникот на одделението за внатрешни работи во Струга и Охрид, со дежурните инспектори на терен и униформираните припадници на полицијата, вклучително и со одделот за неуниформирана полиција, така што, кога ќе биде комплетирана цела постапка, штом биде комплетирана постапката ќе ја информирам јавноста, вели Чулев.

Тој додаде дека штом биде комплетирана постапката ќе ја информира јавноста. мс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мавровско Езеро порибено со 400 килограми риба, воведена двомесечна забрана за лов на крап

Јаневска: Обвинувањата на СДСМ за условите во „Стив Наумов“ не се точни, студентите живеат во еден од најубавите и најмодерни домови на Балканот

Врховниот суд ги укина пресудите за пожарот во тетовската модуларна болница