Утрински Весник
Македонија

Се одложува предавањето на првата пратка вакцини од Србија

Се одложува предавањето на првата пратка вакцини од Србија

Првата пратка вакцини против Ковид-19 која во земјава требаше да дојде од соседна Србија нема да пристигне утре како што претходно беше најавено.

Предавањето на вакцините беше закажано на граничниот премин Табановце, а српскиот претседател Александар Вучиќ требаше да ги достави вакцните, но сега е одложено.

Пратката требаше да ја пречекаат премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.

„Ве известуваме дека заради потребата од усогласување на техничка документација околу доставувањето на вакцините, настанот кој беше најавен за утре на граничниот премин Табановце се одложува за друг датум следните денови, за што дополнително ќе информираме“, стои во дописот од Министерството за здравство.

И од кабинетот на српскиот претседател, Вучиќ, објавија дека предавањето на вакцините се одложува поради дополнување на техничката документација.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Македонија треба да има една изборна единица

Андоновски: Македонија започнува со изградба на Национален дата центар – најважната дигитална инфраструктура за следните децении

Зајкова: Целата манипулација за Изборниот законик ја плаќаат граѓаните, додека ги гледаат и ги лажат во очи