Утрински Весник
Економија

Се намалува цената на дизелот, на бензинот останува иста

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,42 отсто во однос на одлуката од 25 јули.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,645 oтсто, кај дизелот за 2,347, кај екстра лесното масло за 2,102 отсто и кај мазутот намалување за 0,05 проценти.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит и сега ќе изнесува 94,00 ден/лит.

Од 28.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 95,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 98,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 94,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 94,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 52,840 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,465%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 28.7.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Можете да прочитате

Поевтинуваат нафтените деривати – 24info.mk

Лебот нема да поскапи следните два месеца

Инфлацијата во април повисока за 0,7 проценти во однос на март