Утрински Весник
Економија

Се намалува цената на горивата

Ss2

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,80% во однос на одлуката од 5.08.2022 година. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,80% во однос на одлуката од 5.08.2022 година.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,569%, кај дизелот за 2,117%, кај екстра лесното масло за 2,960%  и кај мазутот намалување за 1,402%.

Ss1

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 3,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 3,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,557 ден/кг и сега ќе изнесува 52,786 ден/кг.

Од 9.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95      90,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98      92,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)       90,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)      87,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                             52,786 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,117%.

Ss1

Можете да прочитате

Доделување грантови од третиот повик на Регионалниот фонд за предизвици

Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање