Утрински Весник
Македонија

Се намалува криминалитетот на територијата на СВР Велес, тврди Петровска

Петровска: На јужната граница засега нема поголеми раздвижувања на мигранти, но опасноста постои

Велес, 6 март 2020 (МИА) – Криминалитетот на територијата  на СВР Велес е во опаѓање.Тоа значи дека полицијата добро си ја врши својата работа, како превентивната, така и својата репресивна работа, изјави заменик министерката  за внатрешни работи Славјанка Петровска по денешната посета на СВР Велес.

Таа посочи дека од разговорот со нејзините колеги констатирала дека состојбата на подрачјето на СВР Велес е стабилна и мирна, а случаите на едно убиство и едно убиство во обид се расчистени со поднесување соодветна пријава во Основното јавно обвинителство.

Во врска со претстојните парламентарни избори  нејзините колеги од СВР Велес ја информирале  дека се подготвени да се соочат со сите евентуални предизвици  и оти ќе обезбедат услови за фер и демократски избори за сите граѓани.

Петровска денеска ќе ги посети и полициските станиците на СВР Велес,во Чашка,Кавадарци,Неготино и Демир Капија.ад/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

44 акциски контроли за санкционирање на незаконит риболов во јуни и јули, приведени две лица, запленети 702 парчиња риба

Тошковски: Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење, смее да се користи исклучиво како техничка

Препораки за заштита на доенчињата и децата од топлото време