Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Се менува оштетеното осветлување кај Спомен костурницата во Кавадарци

Се менува оштетеното осветлување кај Спомен костурницата во Кавадарци
300x250 opst2

Кавадарци, 17 февруари 2020 (МИА) – Се менува оштетеното осветлување кај Спомен костурницата во кавадаречкиот градски парк. Од Службата за односи со јавноста при општината, информираат дека стартуваше замена на оштетените рефлектори и канделабри како и на дел од инсталацијата на јавното улично осветлување во тој дел на градот.

– Оштетени се неколку рефлектори, на кои целосно им е искршено заштитното стакло, а кај други истото е распукано. Неодговорните лица направиле штета и на повеќето канделабри при што искршиле и оштетиле, лед светилки и кугли.

На новите ЛЕД рефлектори сега е поставена и заштитна мрежа, со надеж дека ќе помогне во заштита на светлечките тела од намерните оштетувања со камења, соопштуваат од прес службата при локалната самоуправа.

Оттаму потсетуваат  дека преклани, општината  целосно го обнови јавното улично осветлување на спомен костурницата, како  и во градскиот парк.

– Општината и овојпат упатува апел до граѓаните, заеднички да го штитат општото добро во интерес на сите, а доколку забележат случаи на дивеење и оштетување, истите да ги пријават во повикувачкиот центар на телефонскиот број 13 300, велат од Службата за информирање при локалната самоуправа. свд/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сообраќајот на регионалниот пат Никфорово – Леуново – Бунец во прекин поради врнежи од снег и паднати дрвја

РУСКИ ЛАДЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Снег ќе има и во градовите!

Судски совет го разреши судијата Енвер Беџети